На дневен ред на комисијата за европски прашања е Предлог-законот за попис 2021. година

Денес треба да продолжи седницата на собраниската комисија за европски прашања, на која ќе биде разгледан Предлог-законот за попис на населението во С.Македонија 2021. година, по скратена постапка.

Истото ќе се разгледува и на предвидената седница за Законодавно-правната комисија.

Инаку познато од вчера е дека ВМРО ДПМНЕ на чело, а потоа Алтернатива и Алијанса на Албанците поднеле нека околу 40 тина амандмани во врска со оваа точка на дневен ред.

Инаку, претседателот на Собранието Талат Џафери очекува законот да се најде пред пратениците на пленарна седница на 18. јануари.

Комисијата за европски прашања денска треба да расправа и за Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање, по скратена процедура во второ читање; Предлог-законот за одлучување за изменување и дополнување за Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во второ читање; Предлог-законот за меѓународна соработка во кривичната материја во прво читање.

 

 

Слични содржини