На гробот на Фрањо Туџман се уби постар маж

од desk2
66 прегледи

Денеска на пладне на гробиштата „МИрогој“ во Загреб, се уби постар маж. Медиумите од Хрватска пренесуваат дека тој пукал во себе на гробот на првиот претседател на Хрватска, Фрањо Туџман.


Од полицијата потврдија дека увидот е во тек и дека починал постар маж, пренесува Index.hr.

Трагичниот инцидент се случил во понделник околу 12 часот.