Zara е култen синџир продавници за облека, чии достапни верзии на дизајнери и облека ја направија омилена марка на младите и луѓето на 30-годишна возраст. Но според експертите во областа на потрошувачката има возрасна граница за купување на облека од Zara и таа е многу помала отколку што мислите, пишува Daily Mail.

Агенцијата за анализа на потрошувачката Insight Rooms направи студија за начинот на кој жените се ангажираат социјално со шпанската марка според нивната возраст. Истражувањето утврдило дека посветеноста го достигнува својот врв на возраст меѓу 23 и 27 години. Потоа купувачите почнуваат да се намалуваат, пишува сајтот WWW.com, цитирајќи го и генераленитот директор на Insight Romms Ед Дилурт.
Кога достигнуваат 33-годишна возраст, социјалниот им ангажман се намалува под 1 отсто, што значи дека жените имаат 30-годишна возраст, бараат други марки, за да се ја дополнат гардеробата.
Иако ова е изненадувачки за навивачите на Zara над 30-годишна возраст, сепак возрасната граница не е толку драстична како кај некои други конкурентни синџир продавници.
Која е причината за ова? “Облеката е во конзервативен и класичен стил и достигнува до поголема возрасна група од младинските марки”, пишува Дилурт. Шпанската компанија за брза мода која има над 2.000 филијали во целиот свет, брзо ги доловува трендовите од модните писти, испорачува нови модели до продавници два пати неделно. Во последните години таа ужива бум на популарноста. Од инспирираните од модните писти модели таа се здобиле со култен статус. Zara доби уште поголема слава минатата година, кога Шарените палто за 69.99 фунти стана толку популарно што доби свој профил на социјалните мрежи.