На крадците им сече раце, хомосексуалците ги каменува до смрт, а живее развратно и заработува 150 долари во секунда

од Vlatko K
196 прегледи

Со лично богатство од околу 28 милијарди долари, султанот од Брунеи Хасанал Болкијах, после тајландскиот владетел, е втор најбогат светски монарх. Сепак, деновиве би можел да ја заработи титулата најомразен владетел на светот.

 Болкијах минатата недела донесе еден од најстрогите закони согласно кој крадците ќе се казнуваат со отсекување рака, муслиманите кои пијат алкохол – со камшикување, а припадниците на ЛГБТ заедницата ќе се каменуваат до смрт, и сето тоа врз основа на нов шеријатски закон.

Првите реакции на овој чекор дојдоа само неколку часа откако беше објавена одлуката на султанот.

На повикот на Џорџ Клуни да се бојкотираат хотелите на султанот, меѓу кои се „Дорчестер“ во Лондон и „Беверли Хилс“ во Лос Анџелес, се приклучија и познати личности: Џеј Лено, Елен Деџенерис, Шерон Озборн, Ричард Бренсон, Клајв Дејвис…

Сепак, малку е веројатно дека бојкотот на султанот и откажување неколку деловни зделки со Брунеи ќе го урне огромното богатство на Хасанал Болкијах, чие лично богатство секоја секунда се зголемува за околу 150 долари – и тоа најмногу од производство на нафта.

И покрај строгите шеријатски закони, султанот живее прилично развратно. Овој 72-годишник на престолот е повеќе од половина век – цели 52 години. Се дружи со многу светски монарси, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип.

Познат е како сопственик на околу 7.000 скапоцени автомобили, а исто така поседува и неколку авиони чија внатрешност е опточена со злато.

Султанот е прилично неумерен во трошењето пари, и троши 35.000 долари за со приватен авион да отпатува до својот омилен стилист за да ја потстрижи косата и брадата. А тоа го прави еднаш неделно.

Кога еднаш ги заборавил чевлите за поло, по нив испратил хеликоптер.

Меѓутоа, додека султанот Хасанал Болкијах и неговите браќа Џефри и Мохамед спроведуваат исламски закон, се друго што прават е во спротивност со Куранот и законите кои ги донесе.

Раскалашениот живот во султанатот излезе на виделина во 2001 година, кога Џефри мораше да го продаде личниот имот на аукција откако ја користел државната благајна како лична касичка. Дневно, во просек, трошел 747.000 долари и тоа во период од 10 години. На подароци за пријателите потрошил 17 милијарди долари.

Третиот брат Мохамед, наводно, е згрозен од развратноста и раскалашеноста на своите браќа. Но кога султанот му дал задача да го обнови стопанството, кое тој и Џефри го уништиле, си ставил во џеб повеќе од две милијарди долари и веднаш добил отказ.

Џефри порано се криел од својот брат во хотели со пет ѕвезди ширум светот, а султанот наводно во куќен притвор го држел неговиот син Хаким, кој тогаш имал 25 години. Момчето, наводно, можел да го напушти Брунеи кога ќе посака, но се чувствувал заробено затоа што „не знаел како се резервира карта за комерцијален лет“.

За развратот и оргиите во дворецот на султанот се дознало уште во 1997 година, кога проговорила поранешната Мис на САД Шенон Маркетич, која подоцна го тужеше султанот и неговиот брат Џефри. Таа на суд тврдеше дека агенција за таленти посредувала за работа на Брунеи вредна 3.000 долари дневно за „лично појавување и промотивна работа“.

Шенон Маркетич во 1992 година е избрана за Мис на САД

Наместо тоа, според нејзино тврдење, ја држеле како сексуална робинка.

Морала секоја вечер да игра во приватниот ноќен клуб на султанот од 22 до 3 наутро, каде ја третирале како проститутка. Таа за списанието „Пипл“ изјави дека ја дрогирале и злоставувале, а кога конечно се вратила во САД ги тужела за 10 милиони долари поради „душевни болки, кошмари, несоница и други трауми“. Браќата бараа дипломатски имунитет, а султанот обвинувањата ги нарече „полоши од убиство“. Случајот беше отфрлен.

– Како што растеше декаденцијата, така растеше и бројот на американски девојки. Султанот ќе отвореше списание и ќе кажеше дека ја сака таа и таа жена. И ќе ја нарачаше, изјави извесна Лорен, која како и Шенон, била регрутирана.

Таа вели дека многу девојки мале проблеми со покорноста која се барала од нив. Оние кои не се прилагодувале на тоа, морале да си заминат после една недела. Имало и многу Филипинки и Тајланѓанки, кои имале едвај 15-тина години.

Девојките биле сместени во дворецот на Џефри и ноќе морале да играат за принцот и неговата свита, надевајќи се дека тој еднаш ќе ги избере да поминат една ноќ со него. Понекогаш земал и повеќе од нив.

Лорен чекала со денови, а потоа еден ден по неа дошол Мерцедес и ја однел во некоја деловна зграда. Таму ја однеле во еден стан и ја заклучиле внатре.

– Помина час – два. Внатре немаше ниту весници, ниту телевизор, па шетав горе – долу. Дури и тоалетот беше заклучен, па морав мала нужда да извршам во канта за ѓубре. Се тресев од студ, глад и нервоза. После четири часа се појави принцот. Водевме љубов, а принцот немаше кондом. Кога заврши, ми рече: „Беше многу убаво, но сега морам на состанок“.

Лорен вели дека принцот никогаш не користел заштита и никогаш не ја прашал дали користи контрацепција, а не ја прегледале ниту дали има полно преносливи болести.

 Експрес.хр

Слични содржини