Хрватскиот претседателски кандидат Зоран Милановиќ негодуваше што изборите се одржуваат на 22 декември истакнувајќи дека цело време планот на ХДЗ бил изборите да се одржат една недела порано од датумот кога го предлагал СДП, затоа што целта им е 130.000 Хрвати кои работат во странство да не гласаат.
„Датумот кој го избраа е лоповлук и срам. Една недела прави огромна разлика, 130.000 граѓани нема да бидат во можност да гласаат затоа што прават сарма, ги гледаат чековите кои ги платиле и нема да се задржат во Хрватска за мене, Колинда, Шкоро и Колакушиќ. Тоа е штета за демократијата. Вистинските мотиви на ХДЗ се јасни на секој нормален човек. Го намалуваат бројот на избирачи за да и помогнат на кандидатката чиј портпарол е Пленковиќ, изјави Милановиќ.