Поради зголемениот број на заразени владата донесе нови мерки.
Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.
Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект
За влез во сите затворени објекти, вклучително хотели, културни и спортски настани, забави, концерти, семинари, обуки, работилници и конференции каде има повеќе од 30 лица, граѓаните над 18 години ќе мора да покажат сертификат за вакцинација, барем со една доза.
Во внатрешните простории на угостителските објекти ќе не смее да има повеќе од 30% од капацитетот, а на една маса ќе смее да седат до 4 лица.
Угостителскиот сектор денеска се состана со минисртерот за економија Крешник Бектеши по рестриктивните мерки и ограничувањата што Владата синоќа ги воведе на седница.
Бектеши состанокот го опиша како конструктивен со претставници од сите видови на угостителски објекти
– Убеден сум дека преку вакви состаноци ќе ги поттикнеме нашите граѓани да се вакцинираат и да се вратиме на еден нормалитет со почитување на сите протоколи и угостителите да не бидат тие што можат да инфицираат други луѓе како гости, рече Бектеши.
Угостителите изминатиот период беа едни од најпогодените во стопанството, а голем број на вработени беа отпуштени во оваа стопанска гранка.