На невакцинираните здравствени работници во Грција им се заканува отказ

од Milan1

Здравствените работници во Грција кои до март нема да го почнат процесот на вакцинација ќе бидат отпуштени, предупреди денеска министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис.

Тој потсети дека од 7 февруари во Грција за вакцинирани ќе се сметаат само оние кои примиле и бустер доза, а оние кои се со две дози ќе се сметаат за невакцинирани.

Грчките здравствени работници неколку пати организираа протести против задолжителната вакцинација во нивната струка.

Слични содржини