Едни од најстарите се опишани во древноегипетски документи.

Ова прашање е стар колку и светот – бремена ли сум?
Низ вековите луѓето имале доста тешкотии да одговорат на ова прашање со доволна сигурност, иако со некои примитивни тестови за бременост се докажува со одредена научна вредност.
Древен Египет
Еден од најстарите познати начини за одредување на бременоста доаѓа од древноегипетски документи кои датираат од 1350 година п.н.е. на папирус пишува дека жената треба да уринира врз пченица или јачмен. Ако пченицата никнува тоа значи дека се очекува девојка; ако тоа се случи со јачменот значи жената чека момче. Ако растенијата не израснат значи таа не е бремена.
Интересно е дека во 60-тите години на минатиот век научниците го тестирале овој метод и утврдиле дека тој не е сосема бесмислен. Повисоко ниво на естроген во женската урина може да го стимулира растот на семето, иако нема никаква можност на тој начин да се предвиди полот на бебето.
Средните векови
И во средниот век женската урина била користена често, за да се разбере дали таа е бремена. Луѓето верувале дека ако е ставенаво стаклени садови урината е ќе поцрвени или поруменио, а тоа значи дека жената најверојатно е бремена. Друг популарен тест вклучувал мешањето на вино и урина и набљудувањето на последователните промени. Бидејќи алкохолот може да реагира на протеините во урината, овој тест би можел да е точен под услов да се следи од страна на некој кој е свесен за промените во бојата на супстанцата.
Првата половина на 20 век
До 1920 година на пракса немало никаков напредок во областа на тестовите за бременост и жените продолжуваат да се потпираат на псевдо методи и старите верувања. Во 20-тите години, сепак научниците успеале да идентификуваат хормон со името hCG, кој се открива само во бремените жени. Тоа значело дека за првпат била откриена една состојка, која би можела да даде точен одговор.
За да воспостават присуството на hCG научниците инјектирале женска урина во млади женски глувци, жаби или зајаци. Ако животното се разголи, тоа значи дека во него има hcG и соодветно жената е бремена. Тестот станал познат со името Ашхајм-Зондек или A-Z тест и бил веродостоен во 98 проценти од случаите. Во 40-те години илјади африкански жаби биле увезени во САД токму за целите на тестот. Некои од нив сепак успеале да избегаат и бидејќи биле носители на бактеријата Batrachochytrium dendrobatidis заразиле и довеле до уништување големи делови од локалната Жабја популација.
70-те години на 20 век
Кога сексуалната револуција настапила, научниците веќе биле подготвени. Тие располагале со готови решенија кои далеку полесно може да воспостави бременоста. Во 1976 година компанијата Warner-Chilcott го пуштила првиот тест за бременост во домашни услови. За 10 долари жените можеле да се здобијат со целосен сет од потребните додатоци за тестот и по два часа да имаат одговорот. При правилно користење, овој тест имал 97 проценти точност при позитивните резултати и 80 проценти точност при негативните.
90-те години и денес
Со усовршувањето на методите за откривање на бременост научниците утврдиле дека ензимски индикатори можат успешно да заменат радиоактивните етикети од 70-тите години. Модерни тестови даваат одговор само по неколку секунди и повторно се потпираат на присуството на hCG во женската урина, но овој пат точноста е до 99 проценти.