На пет минути по полноќ нов земјотрес во Охрид

од desk3
Пет минути по полноќ Охрид го погоди нов силен земјотрес, кој според првичните информации бил со магнитуда од 4 степени според Рихтер. Епицентарот е во раседот помеѓу Охрид и Ресен на 7 километри западно од с. Јанкоец на длабочина од 2 километри.


На овој земјотрес му претходеше серија земјотреси со среден интензитет. Во 20.46 часот регистриран е земјотрес со магнитуда од 2.7 степени според Европската макросеизмичка скала. Во 21.41 регистриран е земјотрес со јачина од 2.7, во 22.07ч. со јачина од 2.9 и во 22.33ч. со јачина од 2.6 степени.
Според сеизмолозите се работи за афтершокови по големиот земјотрес што се случи вчера со јачина од 5 степени според Рихтер. Тие појаснуваат дека извесен период во охридското епицентрално подрачје ќе се чувствуваат потреси со помал интензитет. Тие се на мислење дека најсилниот земјотрес во серијата потреси што започна во средината на јуни веќе се случил и дека повеќе нема енергија во тектонските плочи за поголем потрес, иако како што велат земјотрес не може да се предвиди. Од 18-ти јуни до денес во охридскиот регион регистрирани се над 1000 земјотреси.

Слични содржини