На по едно избирачко место: Во Дебар и Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

од Берта Китинска
362 прегледи

Повторување на гласањето од првиот круг в  недела ќе има на две избирачки места – на 0543 во Дебар за градоначалник и на 2957/1 во Шуто Оризари за членови на советот.

Управниот суд го поништи гласањето во ови две избирачки места откако тужби до него за одлуките на ДИК по приговорите поднесоа Алијанса на Албанците и Алтернатива и Движењето „Одлучно за Македонија“ предводено од ДОМ и ЛДП.

Од Државната изборна комисија (ДИК) велат дека прегласањето во Дебар би имало минимално влијание на резултатот на изборот на градоначалник. За градоначалник во овој град „се натпреваруваат“ Хекуран Дука од ДУИ, Беким Поцеста од АА и Алтернатива и Петрит Клења од ДПА. Поцеста освои 3.998 гласови, Дука 3713, додека Клења 37 гласови. Кандидатот на АА и Алијанса, според информациите од коалицијата, не победи во првиот круг од изборите бидејќи му недостасуваа 29 гласови. Во избирачкото место 0543 во Дебар во Избирачкиот список запишани за гласање се 777 граѓани со право на глас.

На избирачкото место 2957/1 во Шуто Оризари во недела ќе се прегласува за членови на советот, и паралелно ќе се гласа за вториот круг од локалните избори за градоначалник. На ова избирачко место има 655 гласачи.

Слични содржини