Референдумот за независност на Нова Каледонија од Франција, денеска го обележи голема излезност и до затворање на избирачките места на гласање излегоа 73,68 отсто избирачи, покажуваат официјалните податоци.
Гласањето почна во 22 часот по средноевропско време.Правото на глас има 174.000 лица.
На граѓаните на Нова Каледонија им беше поставено прашањето дали сакаат Нова Каледонија да добие целосен суверенитет и да стане независна.
Територијата ужива високо ниво на автономија, но од Франција добива 1,3 милијарди евра годишно преку субвенции за одбрана, полиција, надворешни работи, судство и образование.
Референдумот е резултат на процес кој започна пред три децении, со цел да се стави крај на насилството меѓу поддржувачите и противниците на независноста од Франција.
Ако исходот од референдумот е негативен, Нова Каледонија ќе има уште две прилики да се изјасни за својот статус до 2022 година.На архипелагот живеат околу 270.000 луѓе.