На социјалните мрежи: Светот жали за подмолниот бомбашки напад Манчестер

од Vladimir Zorba

Социјалните мрежи прегреаја од жал и молитви за жртвите и нивните блиски од терористичкиот напад што случил во британскиот град Манчестер. Потсетуваме дека во нападот загинаа 19 лица, а други 59 беа повредени. Експлозии избувнаа по концертот на пејачката Ариана Гранде во “Манчестер арена”. Многу познати личности и обични луѓе споделуваат слики, со молитви за жртвите од крвопролевање. Пејачката Ариана Гранде, по чиј концерт стана трагедијата, објави пост дека е скршена. Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Пол Рајан исто така, ги користи социјалните мрежи за да искаже сочувство.

Слични содржини