На списокот возила кои ги бара Чулев има и такви кои се на редовно користење и кај Пендаровски

од Aleksandar Todeski
586 прегледи

Дополнителната заменик-министерка во Министерството за внатрешни работи, Славјанка Перовска утрово испратила допис до техничкиот министер Наќе Чулев во врска со возилата кои тој преку телеграма побарал да бидат земени, а се дадени на користење кај техничкиот премиер Оливер Спасовски, претседателот Стево Пендаровски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

Петровска во изјава за Локално потврди дека утрово испратила допис во кој меѓу другото бара и информација со колку возила располага техничкиот министер Чулев. Одговор, заменичката во МВР се уште не добила, а како што неофицијално дознава Локално, се работи за седум возила кои во моментов се на располагање на Наќе Чулев.

„Бев изненадена од телеграмата. На списокот има и возила кои се во редовно користење на претседателот, премиерот и директорот на БЈБ. Се обидов да го прашам дали е недоразбирање, но затоа што не добив одговор од него, пратив допис. Обезбедувањето има свои одговорности кон луѓето. Вакви гафови не се дозволени, се надевам ќе си ја увиди министерот грешката и ќе продолжи министерството да функционира како што треба“, вели дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи во изјава за Локално.

Како што вчера објавивме, Чулев донел скандалозна одлука со што се оневозможува нормалното функционирање на обезбедувањето на премиерот Оливер Спасовски.

Александар Тодески

Слични содржини