На странците кои влегуваат во Русија ќе им се земаат отпечатоци од прстите

од desk3
71 прегледи

На сите странци кои ќе влегуваат во Русија од следната година ќе им се земаат отепчатоци од прстите, соопшти денеска рускиот заменик министер за внатрешни работи Александер Горовој.

otpecatov

– Министерството за внатрешни работи има намера од 2017 година да зема отпечатоци од сите странци кои ќе влезат во Русија, рече Горовој на седницата на Горниот дом на рускиот Парламент.

Тој, како што јави ТАСС, им се заблагодари на колегите од странство кои, како што рече, ја сфаќаат неопходноста од оваа мерка./МИА