Постара калуѓерка, која учествуваше во судската парница против поп-ѕвездата Кети Пери поради продажба на манастирот во Лос Анџелес, почина во судница откако и се слошило.

Надбискупот Хозе Гомез изјави дека 89-годишната чесна сестра Кетрин Роуз Холсман починала во петок, пренесе AP.
Неколку часа пред да почине, таа зборуваше за телевизијата “KT”, каде се противеше на одлуката на судот во лосанџелеската бискупија да и дозволи на познатата пејачка да и се продаде манастирот во населбата Лос Фелиз.
Кети Пери, се обидела да го купи имотот од 8.000 хектари и неговите објекти во римски стил за 14,5 милиони долари.
Од друга страна, чесните сестри се обиделе тој манастир да го продадат на друг купувач, локален сопственик ја ресторан кој имал намера тој имот да го претвори во хотел, но судот донел одлука во 2016 година дека таквата продажба не е дозволена.