На светот му се заканува инвазија од гладни инсекти

од desk2
112 прегледи

Ако однапред не се пронајде решение за проблемот, сите би можеле да ги почувствуваме тешките последици.

Американските научници предупредуваат дека глобалното затоплување ќе резултира со уште една лоша последица за нашата планета и нејзините жители – инсекти со зголемен апетит кои ќе ги уништуваат посевите.

Процениле дека со секој пораст на температурите за само еден степен Целзиус штетниците ширум планетата ќе јадат 10 до 25 проценти повеќе житарки, ориз и пченка, важни прехраната на милијарди жители на Земјата. Со други зборови, глобалното зголемување на температурите за два степени Целзиусови на површината на Земјата би значело вкупна загуба од 213 милиони тони клучни житарки.

Со зголемувањето на температурите се зголемува и метаболизмот на инсектите, како и нивниот апетит и стимулира нивно размножување, објаснува еден од авторите на истражувањето, чии резултати се објавени во списанието “Science”.

Со оглед на тоа дека споменатите три видови на посеви ги овозможуваат 42 проценти од калориите кои луѓето ги консумираат, секоја дополнителна загуба би можела да резултира со глобална несигурност кога станува збор за храната, посебно во сиромашните делови на светот.


Поголема штета во студените подрачја
За да откријат во колкава мера е опасна ситуацијата, научниците создале симулациски модел за да откријат какви промени поттикнува растот на температурите во метаболизмот на 38 видови инсекти на различни географски ширини.

Резултатите варирале, зависно од подрачјето, а се покажало дека во постудените делови на планетата инсектите направиле поголема штета, додека во тропските подрачја била помала.

Според податоците на ОН, глобално секој деветти жител на Земјата гладува, а светската популација до 2050. година би требало да достигне 9,8 милијарди жители.

Инвазија од гладни инсекти
Користејќи податоци за климатските промени и статистичките податоци за метаболизмот на инсектите, научниците откриле дека Европа, најпродуктивното подрачје според одгледувањето на житарки, до 2050. година поради зголемувањето на апетитот на инсектите и нивниот број би изгубила околу 16 милиони тони посев. Најголемиот произведувач на пченка во светот, САД, би изгубиле околу 40 проценти од приносите, односно 20 милиони тони секоја година, а според предвидувањата, во Кина, каде се произведува третина од вкупната количина на ориз во светот, инсектите годишно ќе уништат околу 27 милиони тони, стои во извештајот.

“Треба да почнеме да размислуваме за тоа како да ја спречиме инвазијата на се погладните инсекти. Моментално не сме во позиција да размислуваме за тоа дали ќе дозволиме или не понатамошен раст на температурите на глобално ниво, туку мораме да знаеме во колкава мера можеме да го толерираме глобалното затоплување”, смета Куртис Дојч од Универзитетот Вашингтон.

Во 2015. година бил потпишан Парискиот договор, кој имал за цел да го намали ефектот на стаклената градина и да го ограничи растот на глобалните температури на помалку од два степени Целзиусови.

Популацијата од штетници ќе победи
“Без разлика на сите сценарија на климатските промени, штетниците ќе победат и ќе предизвикаат зголемување на реалната цена на храната, а тоа најтешко ќе се одрази на најсиромашните”, смета авторката на истражувањето, Розамунд Најлор.

Таа додава дека ако однапред не се најде решение за проблемот, сите би можеле да ги почувствуваме тешките последици.