На Тајван откажани патнички летови поради кинеските воени вежби

од Stefanija Kuzmanovska

Летовите на патничките авиокомпании денеска беа откажани на Тајван, бидејќи кинеската морнарица започна со вежби за гаѓање со боева муниција во близина на островот, еден ден откако претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го посети Тајван.

Најмалку 40 летови до и од Тајван се откажани, според China Times, пренесе АП.

Влијанието на вежбите врз поморскиот транспорт на стоки е непознато, а секое нарушување би имало последици за индустријата ширум светот.

Слични содржини