На трети март Оланд во посета на АлбанијаТирана

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Само неколку месеци по завршувањето на претседателскиот мандат, шефот на француската држава Франсоа Оланд ќе престојува во Тирана, по покана на неговиот албански колега, Бујар Нишани, кому мандатот му завршува на почетокот на јуни.

Од кабинетот на Нишани потврдуваат дека Оланд во Тирана ќе допатува на трети март, но не даваат детали околу агендата, бидејќи за неа се уште дискутираат претставниците на кабинетите на двајцата претседатели.

Од таму потврдуваат дека освен со Нишани, Оланд ќе оствари средби и со премиерот Еди Рама, спикерот на парламент Илир Мета, лидерот на најголемата опозицискадемократска партија, Љуљзим Баша и со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.

Иако официјално нема потврда околу темите за кои ќе се разговара, се дознава дека средбите ќе бидат фокусирани на односите меѓу двете земји, но и безбедносната состојба во светот.

Франсоа Оланд ќе биде прв француски претседател кој доаѓа во посета на Албанија