На водителите на Top Gear им се запали автомобил на снимањето, не се повредени

од desk2
109 прегледи

Возењето автомобил до самите граници е опасно, а некогаш работите тргнуваат на лошо. Сепaк, несреќата која ја доживеаја водителите на автомобилистичката емисија Top Gear помина без последици.

Водителите Крис Харис и Еди Џордан неодамна дожевеаја несреќа додека ја снимаа емисијата во Монте Карло. Тое се возеа во препродукциски спортски автомобил Renault Alpine A110 кога снимателската екипа забележа пламен на долниот дел од возилото. Пред да се појави огнот, во автомобилот се појавила сијаличка која укажува на проблем со моторот. За жал, обидите да се изгаси пожарот биле неуспешни, па автомобилот изгоре во целост, а добро е што водителите останаа без повреди.

„Сфатив дека мора да излезам дури кога ја отворив вратата, а пламенот ми ја зафати раката. За жал, автомобилот потполно изгоре, жал ми е што така убав автомобил е уништен“, вели Харис.

„Возењето во Монте Карло е осварување на сон за мене. Автомобилот беше одличен, многу лесен. Танцуваше на планинските патишта, а Крис го возеше одлично. Штета што не го завршивме тестирањето, но вакви работи се случуваат“, вели Џордан.

Харис и Џордан се возеле на затворена делница на патот SS17 во Монте Карло кога дошло до инцидент. Производителот на автомобилот покрена истрага за да се утврди причината за пожарот. Возењето на сите претпродукциски автомобили се запрени.

Alpine A110 е спортски двосед, а има 1,8-литарски мотор со турбополнач, кој развива 248 КС. ИМа седумстепен менувач, а од 0 до 100 km/h забрзува за 4,5 секунди. Максималната електронски ограничена брзина изнесува 250 km/h.