Над 1.500 дози дневно: Како изгледа вакцинацијата во Русија? (видео)

од Nikola Popovski

Во тек е масовна вакцинација против коронавирусот во руската армија. Вакцината „Спутник V“ се доставува до гарнизоните со авион, a dосега се вакцинирани повеќе од 7.000 лица, пренесува „ТВ Звезда“.

Министерството за одбрана планира да набави скоро половина милион дози од вакцината. Првите 15.000 веќе пристигнале во армијата. Пет пати повеќе дози ќе бидат доставени до средината на декември.

На пат кон војската, вакцината против коронавирус „Спутник V“ се чува во посебен контејнер, универзален замрзнувач, кој ја одржува температурата до два часа дури и без напојување.

„Веќе го вакциниравме медицинскиот персонал, ризичните групи. Сега започнавме со вакцинирање на воениот персонал. Формирани се бригади на лекари и медицински сестри задолжени за вакцинација. Постојат специјални простории во кои се прегледуваат војници, а потоа примаат вакцина во кабинетот за терапија“, изјавил шефот на 9-тиот медицинско-дијагностички центар на Министерството за одбрана на Русија, Константин Кувшинов.

Како што веќе беше најавено, вакцината е двокомпонентна, што значи дека пациентот е вакциниран двапати, во временски период од три недели.

Дневно 1.500 војници се вакцинираат низ Русија. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу нареди тој број да се зголеми тројно.

Според раководителот на 9-тиот медицинско-дијагностички центар, Виктор Клипак, вакцинираните војници ги почитуваат сите потребни превентивни мерки со цел да се развие навистина добар имунитет.

„По вакцинацијата практично нема реакции“, објаснува Клипак.

Во главниот магацин со лекови на Министерството за одбрана, сите дози на вакцината, кои се доставуваат на армијата, се чуваат на температура од најмногу минус 18 степени.

Слични содржини