Над 179 милиони луѓе се заразија со корона, 3,8 милиони ја загубија битката со вирусот

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Бројот на заразени со коронавирусот во светот денес надмина 179 милиони, покажуваат податоците на веб-страницата „worldometers.info“.

Досега 163,5 милиони луѓе официјално се опоравија, а 3,8 милиони починаа.

Во светот има 11,6 милиони активни случаи, од кои нешто повеќе од 11,5 милиони се во лесна или умерена состојба, а скоро 83.000 се во критична состојба.

Најмногу смртни случаи има САД, со повеќе од 600.000 жртви, а од синоќа Бразил ја надмина бројката од половина милион починати.

Според бројот на пациенти, Соединетите држави се на прво место со 34,4 милиони заразени од почетокот на пандемијата, Индија е на второ место со 29,88 милиони, а Бразил е на третото место со 17,88 милиони.