Над 2.000 новозаразени, ВКУПНО 24 ПОЧИНАТИ од ковид

од Берта Китинска

Вкупно 24 починати од ковид и уште 2.269 новозаразени од 7.038 тестови или над 32 отсто од тестираните, се регистрирани за 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на нови позитивни, регистрирани се 310 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 од Скопје (64г, 66г, 68г, 79г и 82г), 3 од Струмица (58г, 61г и 66г), 2 од Кавадарци (52г и 87г) и по едно од Куманово (73г), Струга (77г) и Охрид (54г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, пријавени се 11 починати лица од Гевгелија (4), Струмица (2), Струга (2), Кичево (2) и Богданци (1) починати во период од 03-16.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 87г. Од пријавените случаи 3 се починати во домашни услови и 8 се во болнички услови.

Моментално со короновирус низ болниците во земјава лежат 439 лица или 25,1 процент повеќе во споредба со претходна недела, а од нив 251 се на кислородна поддршка (15,1% повеќе) и 26 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација што е четири пати повеќе во споредба со претходна седмица, се вели во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 10 до 16 јануари. Повеќе од половина од хоспитализираните, односно 57 проценти, се на кислородна поддршка.
Новорегистрираните заразени се во Скопје – 1.169, Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56, Гевгелија – 48, Охрид – 44, Тетово – 43, Струмица – 35, Кочани – 34, Гостивар, Велес и Кичево – по 33, Ресен – 32, Струга – 31, Неготино – 26, Крива Планка, Радовиш и Берово – по 24, Делчево – 19, Валандово – 15, Демир Хисар – 14, Свети Николе и Кратово – по 13, Штип и Крушево – по 11, Македонски Брод – 9, Виница и Македонска Каменица – по 8, Пехчево – 7, Пробиштип, Богданци и Дојран – по 5, Демир Капија – 1.

Регистрирани сe 1.420 оздравени пациенти од: Скопје – 790, Битола – 124, Прилеп – 86, Охрид – 76, Кавадарци – 40, Куманово – 27, Штип – 26, Струмица – 23, Гевгелија, Велес и Кичево – по 22, Ресен и Неготино – по 15, Валандово – 14, Тетово – 13, Кочани – 12, Делчево – 11, Струга – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Крива Паланка, Свети Николе, Крушево и Македонски Брод – по 7, Пробиштип – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Македонска Каменица и Пехчево – по 3, Берово, Богданци и Демир Капија – по 2, Дојран и Дебар – по 1.

Направени се 7.038 тестови преку: ИЈЗ-511, ЦЈЗ Скопје-102, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-93, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-25, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–11, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Авицена-344, Биотек-472, Систина-127, лабораторија Лаор-158, Синлаб-63, Ремедика-26, Плодност-139, Генеа-27, Никоб Лаб-846, ВФВ Медикал-83, Ели Медика-46, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-57, Рапид Лаб–40, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–13, Рамус-63, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.404.
Досега во земјата се направени вкупно 1.717.482 тестирања на ковид-19. Вкупно дијагностицирани досега се 247.663, од кои оздравеа 222.306, почина 8.139, а активни се 17.218 болни.

Досега во земјата се направени вкупно 1.717.482 тестирања на ковид-19. Вкупно дијагностицирани досега се 247.663, од кои оздравеа 222.306, почина 8.139, а активни се 17.218 болни.

Слични содржини