Над 2000 граѓани го напуштиле ГП Табановце

од Nikola Popovski
299 прегледи

МВР соопшти дека денес до 10 часот, граничниот премин Табановце го напуштиле над 2000 лица од Македонија.

„Во периодот од полноќ до 10 часот денеска влез/излез оствариле вкупно 3.234 лица, од кои на влез 1.095 лица, а на излез 2.139 лица“, информираа од МВР.

Како што изутринава информираа од АМСМ, на граничниот премин Табановце, за излез од земјава се чекало околу 40 минути. Претпладнево нема гужва на овој граничен премин, но има поголема раздвиженост на автомобили кои се упатуваа кон Србија.

Најголем дел од оние кои патуваат кон северениот сосед се пријавиле за вакцини преку Стопанската комора и денеска ќе се вакцинираат во Ниш, но имаше и такви кои одлучиле да одат без направена пријава, со оглед дека вакцина може да примат сите кои ќе дојдат на вакциналните пунктови во Србија викендов.

Освен граѓаните од Македонија, во Белград се вакцинираат и граѓани од Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, јавува српските медиуми.

 

Слични содржини