Повеќе од 4 милиони луѓе се заразеија со КОВИД-19 ширум светот во изминатата недела, а повеќе од 64.000 починаа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
„Бројот на нови случаи се зголемува повеќе од еден месец: повеќе од 4 милиони беа откриени минатата недела (26 јули-1 август)“, се вели во неделниот билтен на СЗО.
Нагласено е дека „има извештаи за повеќе од 64 илјади смртни случаи“.
Според податоците дадени во билтенот, зголемувањето на бројот на инфекции изнесува 3%, додека бројот на смртни случаи е намален за 8%.
Стапката на инциденца се зголеми особено остро во текот на неделата во Источниот Медитеран (за 37%) и Западниот Пацифик (за 33%). Во исто време, пад е регистриран како целина во Европа (за 9%), и во Северна и Јужна Америка (за 3%).
Во Европа, повеќе од 1 милион луѓе се заразија со вирусот во текот на неделата, а повеќе од 8.000 починаа.