Вкупно 50.015 лица заболеле од коронавирусот во Македонија од почетокот на кризата, односно од првиот случај кога беше регистриран на 26 февруари.
Од тогаш до денес бројката на оздравени пациенти е 29583, на починати е 1397, а бројот на активни случаи изнесува 19035.
Според статистиката, од почетокот на пандемијата во Скопје се регистрирани 21984 случаи на коронавирус, а во моментов активни се 9059.
Само во последните 24 часа во Скопје има 627 заразени со Ковид-19.
Бројот на активни случаи по општините во Скопје изгледа вака: (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата)
• Чаир – 565
• Гази Баба – 1323
• Аеродром -1318
• Карпош – 1160
• Центар – 1105
• Кисела Вода – 1109
• Ѓорче Петров – 742
• Бутел – 477
• Шуто Оризари – 153
• Студеничани – 41
• Сарај – 129
• Арачиново -32
• Илинден – 226
• Сопиште – 61
• Чучер Сандево – 101
• Петровец –111
• Зелениково -60
• Странец – 160
• Нераспределен- 184.