Над 60% од Македонците ќе излезат на Референдум, пресметаа од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

„Договорот со Бугарија кој го потпиша Заев, а го продолжи Ковачевски е коренот на сите проблеми и негаторската политика кон Македонија. Договорот со Бугарија е основата за негација на македонскиот јазик, идентите и историја од страна на Бугарија. Врз основа на него се повикува и Протоколот која антимакедонската СДС неодамна го усвои“, се вели во соопштението на опозициската партија.

„За да се избориме со неправдите најдобро е да се удри по нејзините корени, а тоа е Договорот со Бугарија кој ги содржи најшовинистичките избливи кон Македонија.

Токму затоа референдумското прашање го напаѓа законот за ратификување на Договорот со Бугарија кој е усвоен во собранието и за кој што правно може да се организира референдум, а не францускиот предлог кој е надлежност на владата и само во еден негов дел се темели на Договорот со Бугарија.

Со поништување на договорот со Бугарија се поништува и членот 5 од францускиот предлог, а со тоа и негациите кон Македонија.

Референдумот е можност народот да излезе и да го каже својот став, а според нашите истражувања над 60 проценти од Македонците би излегле да гласаат на истиот.

Затоа е важно, власта да не го опструира бидејќи народот е тој кој што треба да одлучи“, додаваат оттаму.

Слични содржини