Над 60 поврдени во антиизраелските протести во Истанбул поради експлозијата во болницата во Газа

од Radmila Tasevska

Десетици луѓе беа повредени за време на антиизраелските протести во Истанбул по експлозијата во болницата „Ал Ахли“ во Газа, за која палестинските власти ја обвинија израелската армија.

Демонстрантите се судрија со полицијата кога се обидоа да упаднат во зградата на израелскиот конзулат, при што беа повредени 63 лица, меѓу кои 43 полицајци, пренесува „Ал Арабија“.

Локалната полиција соопшти дека привела пет лица, а на протестот 65-годишен маж имал срцев удар, по што починал во болница. Советот за национална безбедност на Израел вчера ги советуваше израелските граѓани да ја напуштат Турција „што е можно поскоро“ заради нивна лична безбедност.

Слични содржини