Над 60 возачи во Скопје синоќа возеле под дејство на алкохол

од Марта Пешевска
140 прегледи

Во акциска контрола спроведена на подрачјето на Град Скопје откриени се 61 возач кај кои е утврдено присуство на алкохол во крвта, а двајца возачи одбиле да направат алкотест. Сите возачи се исклучени од сообраќај и соодветни санкционирани.

Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, акциската контрола е спроведена во периодот од 23 часот вчера до 05 часот утринава.

Откриени се и 118 други прекршоци за кои се издадени 46 мандатни платни налози и 72 прекршочни платни налози.