Двократниот победник на УС Опен Рафаел Надал го заврши годинашниов настап на овој турнир откако ноќеска во меч од осминафиналето по повеќе од четири часа загуби од Лукас Пул со 3-2, по сетови 6:1; 2:6; 6:4; 3:6; 7:6 (8:6).
Пул одигра одличен меч и заслужено се избори за четвртфиналето, а во тај брекот од решавачкиот сет ја искористи четвртата меч топка. Негов ривал во следната рунда ќе му биде Гаел Монфис, кој со 3-0 во сетови (6:3; 6:2 и 6:3) го елиминира Маркос Багдатис.

Актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ во победата над Кајл Едмонд загуби само седум гема 3-0 (6:2; 6:1 и 6:4) и во четвфиналето ќе игра против Жо-Вилфред Цонга, кој со 3-1 во сетови (6:3; 6:3; 6:7;6:2) го победи Џек Сок.
Кај жените двократната финалистката Каролине Вознијачки ја победи Медисон Киз со 2-0 (6:3 и 6:4) и во следното коло ќе игра против Анастасија Севастова, која со истиот резултат 2-0 (6:4 и 7:5) ја победи Џоана Конта.
Победничката на Австралија Опен Анжелик Кербер во осминафиналето беше поуспешна од Петра Квитова со 2-0 во сетови (6:3 и 7:5) и за противничка во четвртфиналето ќе ја има ланската финалистка Роберта Винчи, која ја елиминира Лесиа Цуренко со 2-0 во сетови (7:6; 6:2).
Попладнево и вечерва се играат другите осминафинални мечеви./МИА