Надал стигна до 12 титула на „Ролан гарос“

од desk2
158 прегледи

 

Рафаел Надал успеа да ја одбрани титулата на „Ролан Гарос“, откако во репризата од минатогодишното финале го совлада Доминик Тим со 1-3 по сетови (3-6, 7-5, 1-6, 1-6). Шпанецот стигна до 12. трофеј на турнирот во Париз, односно 18-та на грен-слем турнирите.

Надал на Австриецот му дозволи да му земе само еден сет, победникот на овој дуел беше решен по три часа.

Првиот сет му припадна на кралот на земјениот грен-слем, поведе со 1-2, но потоа следеше пресврт, Тим освои поен на сервис на Шпанецот за 3-2. Надал врати на ист начин, го доби првиот сет со 3-6.

Австриецот го доби вториот сет со 7-5, нешто што го налути Шпанецот, па во третиот сет му дозволи на противникот да му земе само еден гејм, доминатно беше подобар со 6-1. На ист начин стави печат на победата во четвртиот сет.

Ова беше најава дека нема да има промени во Париз, Надал е единствениот кој има 12 трофеја на еден грен-слем турнир (во случајов Ролан Гарос), кој пак не му го донесе првото место на АТП-листата, на врвот останува Новак Ѓоковиќ, додека Тим останува на четвртата позиција.