Најавени се 200.000 кинески вакцини во јануари, соопшти Заев

од Nikola Popovski
176 прегледи

„Имаме најава и за договор со Кина за 200.000 вакцини. Тие велат уште за јануари, ама се уште не знаеме, допрва треба да ги разгледаме условите. Кина има 5 вакцини кои ги поминаа фазите на тестирање и веќе се дистрибуираат надвор од Кина и уште 2 кои што се во фаза на тестирање целосно потврдени од СЗО“, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Тој додаде дека Македонија ќе си ги плати вакцините, но важно е да пристигнат во државата.

Филипче денес соопшти дека првите 5850 дози вакцини од „Фајзер“ ќе ги има во февруари, во март треба да стигнат уште 17 550 и најмалку уште толку во април.

„Се чека датум кога  ќе стигнат 833-те илјади дози преку Ковакс-механизмот, а покрај Бугарија, Полска и Грција, и Австрија е подготвена да одвои за нашата земја од вакцините набавени за нејзините граѓани“, изјави министерот.