Русинката Рита Шамеева (25) почина во јануари 2016 година, а нејзиниот гроб до ден денес привлекува големо внимание и тоа поради невообичаениот споменик. 
Надгробната плоча е во облик на црн ајфон, на кој е изгравирана нејзината фотографија, изработена е од базалт и висок е еден и пол метар.
Споменикот го поставил нејзиниот татко Раис Шамеев, кој не сакал да коментира зошто се одлучил токму на таков дизајн. 
Луѓето кои доаѓаат на Јужните гробишта во градот Уфа, за да им оддадат почит на своите најблиски, останале вчудовидени кога здогледале дека огромен американски телефон се наоѓа на тоа место.
Неколкумина од нив мислеле дека халуцинираат, но кога се приближиле, сфатиле дека станува збор за споменик.