Најбрзиот чоколаден колач на светот

Состојки:

– 70 гр. брашно
– 1/4 лажичка прашок за пециво
– 2 лажици какао во прав
– прстофат сол
– 2 лажици шеќер
– 5 лажици млеко
– 2 лажичци масло
– пола лажичка екстакт од ванила
– 2 коцки чоколадо
– 3 лажици сварено кафе

Подготовка:

Во голема шолја измешајте го брашното, прашокот за пециво, какао, шеќер, сол, млеко, масло, ванила и свареното кафе.

Кога сето тоа убаво ќе се соедини, во средината втиснете две коцки чоколадо. Ставете ја шолјата во микробранова печка да се изпече на највисока температура ( не печка со јачина од 1.000 вати) 75 до 85 секунди.

Слични содржини