Најчести лаги кои девојките ги зборуваат пред прекин на врската

од desk2
109 прегледи

Прекинувањата на врските никогаш не биле едноставна работа, но важно е на вистината да и се погледна в очи и да се продолжи понатаму што е можно побрзо доколку некој ве влече за нос. Секако, не дозволувајте некој да ве замајува и по прекинот, бидејќи и тоа се случува. 

Најчестите лаги кои девојките ги изговараат пред прекин на врската:

1. Не си ти виновен, јас сум.

Ова е изјава, која е типична за Џорџ од Сајнфилд, а типична е и за личност која нема храброст едноставно да раскине, без многу да се правда.

2. Да бидеме пријатели:

Иако девојките чести пати ги даваат овие предлози, тоа едноставно не успева. Немојте да бидете во заблуда.

3. Во ред сум, продолжив понатаму:

А на крајот се случува едно вакво сценарио: Сакаат да се смират и тоа токму кога сте нашле нова партнерка. 

4. Не те лажам:

Морате да и погледнете на вистината в очи, партнерката ќе ве лаже со цел да ве заштити од некои детали, кои не се баш пријатни за егото и за срцето.

5. Тој ми е само пријател:

Замислете се доколу тој пријател е некое мускулесто момче од теретана.

6. Тоа е подарок од една моја роднина:

Доколку станува збор за секси долна облека или букет цвеќе, размислете добро пред да ја „проџвакате“ оваа приказна. 

7. Синоќа бев дома. Не сум пијана само ми се спие. Одам на деловен пат:

На пописот на најчестите лаги се наоѓаат и овие три, а доволни се за прекин.

8. Никогаш нема да најдеш подобра од мене:

Доколку го сторила сето тоа што претходно е наведено тешко дека не можете да најдете подобра.