Најчести машки оправдувања за неверство

од desk2
309 прегледи

Кога мажот сака да ја изневери жената ќе каже што било само за да се оправда. Оженетите мажи најчесто кажуваат:

„Таа знае и не и пречи“. Оваа реченици толку пати ја повторил што сигурно и самиот верува во тоа.

„Таа не сака секс“. Дали си се обидел да имаш секс со неа во последно време?

„Не е заинтересирана за секс со мене“. Тоа може да биде точно доколку на пример имате три деца, но ако е така обидете се со терапија. 

„Ништо не и значи што постојано ја изневерувам“. Хм… Таа знае дека ја изневеруваш?

„Заедно сме поради децата“. Тогаш можеби и поради децата треба да си бидете верни еден на друг и да поработите на бракот, но ако тоа не функционира, разведете се и полесно ќе им биде и на децата и на вас.

„Знаеше каков сум кога се венчавме“. Сите жени веруваат дека бракот менува се.

„Разделени сме“. Тогаш разведете се.

„Се разведуваме“. Додека не ја покаже хартијата, немојте да верувате.

„Таа е геј“. Па тогаш разведи се.

„Не ме разбира“. Не е единствена.

Слични содржини