Најчестите симптоми на корона кај оние кои биле вакцинирани, а потоа се заразиле

од Stefanija Kuzmanovska
404 прегледи

Од почетокот на пандемијата на коронавирус до денес, вирусот еволуираше, а симптомите на болеста се променија. Губењето мирис и вкус првично беше еден од најчестите симптоми на ковид-19 и главен показател за болеста, а сега се само деветтиот најчест симптом.

Покрај тоа, симптомите се разликуваат и кај луѓе кои примиле само една доза од вакцината и кај оние кои ги примиле и двете дози и се заразиле, покажа нова студија од Велика Британија.

Според студијата, најчестите симптоми кај невакцинираните луѓе вклучуваат главоболка, болки во грлото, течење на носот, треска и постојана кашлица.

Симптоми по првата доза

Симптомите што се јавуваат кај луѓе кои примиле само една доза од вакцината се слични на оние што се јавуваат кај оние кои не се вакцинирани.

Тие вклучуваат главоболка, течење на носот, болки во грлото, кивање и кашлање.

Авторите на студијата објаснуваат дека кашлицата што не поминува сега е меѓу петте најчести симптоми, но дека кивањето и течењето на носот се јавуваат во поголема мера, иако претходно се сметаше дека овие симптоми не се поврзани со инфекцијата.

Симптоми по две дози

Симптомите што се јавуваат кај луѓе кои примиле две дози од вакцината вклучуваат главоболка, течење на носот, кивање, болки во грлото и губење на мирис.

Луѓето кои се заразиле по две дози истакнуваат дека нивните симптоми траат значително пократко, што сугерира дека имале полесна форма на болеста, пренесува IFL Science.

Истражувачите велат дека на промената на симптомите може да влијае фактот што вирусот се менува, но и фактот дека сега се заразуваат други демографски групи, пред се помлади луѓе кои обично имаат поблаги симптоми на болеста.

Слични содржини