Некогаш многу честото прашање „што си во хороскоп?“, ни даваше можност да заклучиме за каква личност станува збор, повеќе или помалку.
Врз основа на однесувањето на поединците, навистина е лесно да се погоди што се тие во хороскоп.
Што се однесува до астрологијата, одредени знаци се сметаат за подоминантни, други се посмирени, други поотворени, други по срамежливи итн.
Дали некогаш сте се запрашале каде се наоѓате на скала што покажува кој е најлош, а кој најдобар тип девојки врз основа на хороскопскиот знак?
Денес ви ја откриваме таа тајна:
ДЕВИЦА
Девојките по природа се многу средени и настојуваат да ја направат својата врска совршена. Постојано инсистирајќи на совршенство, тие честопати ги полудуваат своите партнери, па токму затоа се на врвот на оваа листа. Девиците ќе им кажат на своите партнери како да се облекуваат, истовремено инсистирајќи на совршенство. Девицата се одликува со несигурност и таа е најголем критичар. Во нејзините очи никој не е доволно добар.
ШКОРПИЈА
За да може некој да биде во врска со Шкорпија, тој мора добро да ја познава. Нејзината студена надворешност всушност крие меко срце, но тоа не им е прикажано на сите. Во нејзина природа е да се обиде да контролира сè околу себе, вклучувајќи го и текот на љубовната врска. Жената Шкорпија ретко ја спушта топката и стандардите што ги поставила.
ОВЕН
Трпението не е нешто што е карактеристично за женскиот Овен. Кога овие дами сакаат нешто, тие го сакаат тоа веднаш. Тоа е причината за брзиот напредок на нивните љубовни врски. Сепак, фактот дека некој што сака да го има последниот збор во сè, честопати може да биде проблематичен.
БИК
Жената Бик е симбол на силна и независна личност, која многу ретко се обраќа до маж за помош. Поради овие квалитети, мажите се чувствуваат бескорисно во присуство на неа. Жената Бик ја гради врската полека и возвраќа со иста мерка. Потребен и е исклучително силен и храбар маж.
РАК
Жените во овој знак се многу чувствителни и тоа може да се види. Тие им го даваат своето меко срце на сите, без разлика дали го заслужуваат тоа или не. Таа е во состојба да ги симне sвездите од небото за некој што го сака, па затоа честопати може да биде повредена. Кога изразува љубов, жената Рак често знае да се занемари и тотално да ја изгуби самодовербата.
ЛАВ
Лавиците се дами кои зрачат со самодоверба, а токму таква личност сакаат покрај нив. Врската со некој што е токму спротивна не е можна. Лавиците не сакаат да им се сервира сè на чинија и не се плашат од предизвици. Лошата страна на лавицата е тоа што таа не знае како да избере добар човек. Нејзините избори честопати се премногу горди играчи кои се покажале дека на крајот не сакаат врска.
ВОДОЛИЈА
Жените Водолии се комбинација на импулсивност и непромисленост. Таа често сака мажи кои се динамични и енергични затоа што не сака досада. Потребен е некој што може да го следи нејзиното темпо и да прави да се чувствува сакано во секое време. Нејзина најголема мана е што поминува премногу време анализирајќи ги работите.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците имаат две страни – светлата и отворена, но и осамената и мрачната. Жената Близнак секогаш ќе и дава поголем акцент на нејзината посветла страна, но таа ќе знае исклучително добро како да цени маж кој е во состојба да се справи со нејзината мрачна страна.
ЈАРЕЦ
Јарците се многу доминантни, како во животот, така и во љубовните врски. Жената Јарец секогаш дава сè од себе кога прави нешто или е посветена на некого или воопшто не го прави тоа. Ништо помалку и не прифаќа од другата страна. Половина решенија не се прифатливи за неа. Јарците се верни до сржта и секогаш ќе го бранат оној што го сакаат, без исклучок.
ВАГА
Вагите сакаат рамнотежа. Никогаш не одат во крајности и не сакаат работи што брзо се менуваат. Тие избегнуваат конфликти што е можно повеќе, но за жал тоа не е секогаш добро. Ставањето работи под ќилим наместо разговор може да биде причина да се стави крај на нејзината љубовна врска. Тие често избегнуваат да зборуваат за одредена тема до последен момент.
СТРЕЛЕЦ
Единствениот ривал на жената Стрелец е самата таа. Таа е свој најголем критичар, судија и џелат. Меѓутоа, кога некој и е драг, таа е во состојба да стори сé за него. Секогаш ќе го расположи оној што го сака и ќе го натера да верува во себе.
РИБИ
Жените Риби по природа се срамежливи. Ним им треба некој што ќе го направи првиот чекор и ќе го освои нивното срце. Кога некој конечно ќе ги освои, тие целосно му се отвораат и го спуштаат гардот. Жените Риби се и најдобри пријатели и најдобри љубовници на својот партнер.