Најдобро децата да ги воспитувате во Данска, а најлошо во Казахстан

U.S. News & World Report, американска медиумска фирма која се занимава со аналитика и собирање податоци, ојавила извештај на темата најдобри и најлоши земји на светот за воспитување и растење деца.

Резултатите од извештаите се селектирани по анкетата спроведена во 73 различни држави, која се состоела од прашања од 65 различни категории. Повеќе од 20.000 испитаници од целиот свет учествувале во анкетата, пренесува Independent.

Десет најдобри земји за воспитување деца:

1. Данска
2. Шведска
3. Норвешка
4. Канада
5. Холандија
6. Финска
7. Швајцарија
8. Нов Зеланд
9. Австралија
10. Аустрија

Како што забележувате, повеќето од најдобро оценетите нации се наоѓаат во Европа – дури седум од десет. Уште две се од Окенија и една од Северна Америка. Државите од нашата околина не се застапени во оваа категорија, а географски најблиску ни е Австрија.

Десет најлоши земји за воспитување деца:

1. Казахстан
2. Либанон
3. Гватемала
4. Мјанмар
5. Оман
6. Јордан
7. Саудиска Арабија
8. Азербеџан
9. Тунис
10. Гана

Државите од нашата околина не се застапени ниту на оваа лица, а најголем број на земјите на листата се од Блискиот исток.

Слични содржини