Најголемата ѕвезда во Ф1 мора да држи диета: „Можеби нема да ме собере во болидот!“ Еве кој специјалитет го сака

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Луис Хамилтон (40) потпиша договор со Ферари во февруари 2024 година, вреден 50 милиони фунти годишно, а од 1 јануари 2025 година официјално стана член на италијанскиот тим.

Иако е долгогодишен љубител на италијанската кујна, сега се соочува со проблем – премногу пицерии. „Изедов толку многу пица во последните неколку недели“, призна Хамилтон, но веднаш додаде: „Но изгубив тежина!“

Љубовта кон италијанската храна не му е нова – се сеќава на деновите кога заедно со Нико Розберг секоја вечер уживал во пица и сладолед.

Сепак, со новите предизвици во Ферари, Хамилтон мора да внимава на исхраната. „Не можам да јадам пица цела година, инаку нема да ме собере во болидот! заклучи тој.

Слични содржини