Најголемата мистерија на Кина: Си Џинпинг го смени шефот на дипломатијата, никој го нема видено еден месец

од Stefanija Kuzmanovska

Чин Ганг, кој не е виден во јавноста од јуни оваа година, денеска беше разрешен од функцијата министер за надворешни работи на Кина, објавија државните медиуми.

Негов наследник ќе биде Ванг Ји, поранешен директор на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, објави кинеската телевизија CCTV.

Одлуката за смена на шефот на дипломатијата е донесена на посебна седница на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес, што се одржа денеска, пишува South China Morning post.

Весникот наведува дека ненадејната најава за смена на Чин дошла по неколкунеделни шпекулации за неговата судбина. Се додава дека неговото отсуство доминирало во политичките дискусии во земјата и дека темата прераснала во една од најголемите кризи за претседателот Си Џинпинг од почетокот на неговиот трет мандат.

Чин некогаш беше доверлив помошник на Си и брзо напредуваше од портпарол на министерството за надворешни работи до заменик министер, објавија кинеските медиуми.

Во јули 2021 година, тој беше назначен за амбасадор на Кина во САД, а 17 месеци подоцна стана министер за надворешни работи.

Слични содржини