Најконтроверзниот фустан на „Греми“ наградите

од desk2
90 прегледи

Пејачката Џој Виља одбра на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Греми“ нешто важно да порача, а тоа го направи со фустанот.

Имено, додека повеќето холивудски актерки се залагаат за родова рамноправност, пејачката Џој Виља се појави на црвениот тепих со мислење за абортусот.

Таа носеше бел фустан на кој беше нацртан фетус, а на торбичката која ја носеше пишуваше “Choose life”(Избери живот). На вој начин јавно ја поддрша кампањата против абортусот, а со својата одлука предизвика големи контроверзи.