Најкритично е на планината Серта, локализиран пожарот кај Битола

од Nikola Popovski
96 прегледи

Продолжува борбата со огнената стихија во Македонија. Обид да се стават под контрола неколку пожари. Интензивни акции за гаснење и од небо и од земја.

Се прават обиди да се стави под контрола и пожарот во штипскиот дел на Серта, каде што е најкритично. Сè уште е затворен регионалниот пат Неготино – Штип. Пожарникарите, армијата и полицијата интервенираат на терен. Направени се два базени покрај Брегалница за полнење на воздухопловите.

За разлика од овој дел на Македонија, пожарот кај Битола е ставен под контрола. Нема опасност за околните населени места. Состојбата со пожарот во Битола е стабилна, но, противпожарните екипи остануваат на терен со интервенција на потенцијалните жаришта, се до комплетно ликвидирање на стихијата.

На помош пристигнаа и воздухоплови од повеќе земји како Србија, Турција, Романија, Словенија, Црна Гора…

Слични содржини