Најмалку 16 лица од околината на Доналд Трамп биле во контакт со руските претставници за време на изборната кампања во 2016 година, објавија СНН.

 

Меѓу откриенитепосредници  се поранешниот шеф на изборниот штаб на Трамп – Пол Манафорт, Рик Гејтс – исто така член на штабот и негов деловен партнер, неговиот поранешен советник за национална безбедност Мајкл Флин и поранешниот советник за надворешна политика Џорџ Пападопулос.

На списокот фигурираат уште двајца поранешни советници – Картер Пејџ и Роџер Стоун, поранешниот главен обвинител Џеф Сешнс , членот на изборниот штаб Џефри Гордон, поранешниот консултант на Трамп Мајкл Капуто, бизнис партнерот му Феликс Сејтер, основачот на приватната воена компанија Blackwater Ерик Принс.

Состаноците со високи Руси имале и  децата на актуелниот претседател , Иванка и Доналд Трамп Џуниор. Исто така неговиот зет Џаред Кушнер и неговиот помошник Ави Берковиц.

Претходно “The Washington Post” соопшти дека меѓу Русите со кои комуницирал опкружувањето на Трамп се поранешниот вицепремиер Аркадиј Дворкович, Прес секретарот на Путин, Дмитриј Песков, поранешниот сенатор Александар Торшин стекнатата со  скандалозна слава адвокатка Наталија Веселницкаја уапсената  за шпионажа Марија Бутина .

 Чести биле и контактите со поранешниот руски амбасадор Сергеј Кислак кој дури бил  забележан и на маргините на конгресот на Републиканската партија во 2016 година По отворањето  на скандалот со руската интервенција вна  американските избори Москва го отповика Кислак.