Најмалку 49 повредени во инцидент со балони во Кападокија

од Vladimir Zorba
180 прегледи

 

Во инцидент на три балона со топол воздух во регионот на Кападокија, во централна Турција, денеска се повредени 49 лица, јави турската телевизија НТВ.

Балоните принудно се приземјиле поради силниот ветер.

Повеќето настрадани биле корејски туристи, посочува НТВ, додека лондонски медиуми наведуваат дека повеќето биле туристи од Европа и од Кина. Во регионот се испратени поголем број возила на брзата помош и спасувачки екипи