292
Во руски ракетен напад што ја погоди преполната пицерија во градот Крематорск во источна Украина, загинаа најмалку девет лица, меѓу кои три деца, соопштија денеска локалните власти и потврдија дека во тек е потрага по преживеани во урнатините на уништениот зграда.
Две 14-годишни сестри и 17-годишен тинејџер се меѓу жртвите на рускиот ракетен оган, а 60 лица се ранети, соопшти украинското министерство за внатрешни работи, пренесува АП.
Официјални лица изјавија дека во нападот била употребена ракета С-300, дека биле оштетени 18 повеќекатници, 65 куќи, пет училишта, две детски градинки, трговски центар, административна зграда и зграда за рекреација.