133
Најмалку седум лица загинаа во силниот земјотрес што погоди регион на границата на Иран со Турција. Меѓу загинатите четири се деца, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени потресе регион на турско-иранската граница, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри.
Иранските власти испратија екипи за спасување во областа на земјотресот. Потресот бил најсилно почувствуван во ненаселен реон на покраината Западен Азербејџан.