Најмногу новозаразени во Словенија

од Vladimir Zorba

Во Словенија за 24 часа се потврдени 192 нови случаи на заразени со коронавирус, меѓу 3.645 тестирани, соопшти денеска Владата. Ова е најголем број откриени заразени за еден ден од почетокот на епидемијата, објави хрватската агенција Хина.

Една четвртина од заразените во последните 24 часа се од регинот на Љубљана.

Вкупниот број на заразени со вирусот за време на епидемијата во Словенија денес се искачи на 5.007, има активни 1.509 случаи, а во болниците има 59 пациенти, од кои 15 се на интензивна нега.

До денес, 145 лица починаа во Словенија од КОВИД-19 предизвикана од коронавирусот, соопшти Министерството за здравство и посочи дека никој не починал во последните 24 часа.

Во вториот бран на епидемијата, во последните две недели, бројот на новоинфицирани лица беше околу 100 или помалку на ден, а најголемиот број беше минатиот четврток – 137.

За главен извор на ширење на вирусот се сметаат роденденски прослави и забави во приватни простории и ресторани.

loading...

Слични содржини