Полскиот институт за пматењена народот поднесе кривична пријава против украинскиот продуцент на комјутерски игри Aliens games заради новата најавена игра „Цената на слободата – игра за полските логори на смртта“ (The Cost of Freedom – A game about Polish Death Camps), која се одигрува во нацистички концентрационен логор Аушвиц – Биркенау и во која играчите може да изберат да бидат припадници на СС и да убиваат логораши.

Пријавата е поднесена поради клеветење на полскиот народ и припишување на Полјаците фашистички злосторства и поради пропаганда на фашизмот во врска со појавата на промотивни материјали за играта која се одвива на територијата на поранешниот концентрационен логор Аушвиц.
За тоа дело во Полска е предвидена казна до три години затвор.
Играта ги преминува сите граници, затоа што играчите може да одберат да бидат СС офицери кои може да ги убиваат логорашите, да ги редат во ред или да ги праќаат во гасни комори.
Сето ова се случувало за време на Втората светска војна во Аушвиц, кога Германците на територијата на окупирана Полска во концентрациони логори убиваа Евреи.
Промотивниот филм за играта се појави на YouTube кон крајот на август, но во меѓувреме е отстранет.