Најниската температура во Европа денеска измерена во Финска

од desk2
106 прегледи

Најниската температура во Европа денеска е измерена во Финска и тоа во регионот Лапланд, каде утрово беше минус 38,7 степени Целзиусови.

Најниската температура во Европа без Русија денеска е измерена во местото Соданкили оддалечено околу 250 киломтери северно од Арктичкиот круг.

Метеорологот Ари Јухани Пунка рече дека во Финска и на североистокот од Европа е најстудената воздушна маса.

Ниските температури се чести во Лагланд кој е најсеверниот дел на Финска.