Најнова состојба со патиштата во Македонија- 20.30ч

од Vladimir Zorba
97 прегледи

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на Македонија Пат.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ:

На патниот правец Прилеп – Витолиште сообраќајот е дозволен само за лесни возила со задолжителна  употреба на зимска опрема.

 УКИНАТА ЗАБРАНА: Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кочани – граничен превој Делчево е укината.

 НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ:             Денес од 16:00 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 с.Крупиште-Штип е нормализиран во двата правци.

 ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: На планинскиот премин Плетвар и на патните правци Маврово – Дебар сеуште важи забраната за движење на тешки товарни возила.

  ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце,.

 

ОТЕЖНАТ СООБРАЌАЈ: На патниот правец Куманово – Крива Паланка сообраќајот се одвива отежнато поради наноси од снег.

            ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

            ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

 

ЗАТВОРЕН ПАТЕН ПРАВЕЦ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста “Kорита”.

 

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

 

            ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

 

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА:

        

НАЈАВА: До вторник ќе се задржи променливо облачно и понатаму многу студено време со услови за повремено провејување на слаб снег почест утре од вечерните часови. Во вторник ќе има повремени врнежи од снег и се уште ќе дува северниот ветер, но ќе биде послаб. Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време и ќе започне постепен пораст на температурата. На крајот на работната недела краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд.